СДСМ: Само да ве потсетиме – вакви анкети објавуваше не само Орбан, туку и Груевски
ВМРО и Мицковски објавија нови нарачани резултати од анкети. Исто како што Орбан објавуваше анкети во Унгарија – а сите знаеме каков беше резултатот на крај.
Кога нема резултати, се фалат со лажни бројки. Ист принцип, исто школо.
Мицковски го копира Вучиќ – од говорот, преку тактиките, па се до најситните детали.
Сите работи му се copy-paste од Вучиќ. Неговата „ресавска школа“ е позната – препишувачка.
Толку е паднат рејтингот на Мицковски и ВМРО, што по цели денови се бават само со СДСМ.
Кога немаат што да кажат за реформите и за Европа, единствено што им останува е да ја напаѓаат опозицијата.
ВМРО е во слободен пад, со над 150.000 изгубени гласови. Мицковски, поради своите лаги, бележи неверојатен пад.
Можеш еднаш да излажеш, но не милион пати. Во народот веќе го нарекуваат „Барон Минхаузен“.
Не поминува веќе ни „бугарското прашање“. На граѓаните им е јасно дека внесувањето на малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање. Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија.
Историската комисија нема врска со пристапните преговори со ЕУ и тоа граѓаните сега го знаат. Џабе ви е пропагандата преку сите 40 проценти орбанови медиуми.
Реформи нема. Има само лажни анкети.
Рокот 1 Јуни одамна помина, а Мицковски веќе не споменува никакви рокови.
Единствениот реформски закон што се обидоа да го протуркаат – Законот за Судски Совет, Европа го врати на доработка.
Сето ова се случи токму онака како што ги предупредувавме граѓаните веќе со месеци: нема Европа со Мицковски и неговата организирана криминална банда ВМРО.
Нема реформи, нема правда, нема одговорност.
Тие не сакаат ЕУ затоа што тогаш некој мора да одговара за криминал.
Единствено преку европско независно обвинителство граѓаните ќе ја вратат довербата во институциите, а оваа банда ќе одговара.
Објавувајте си анкети колку сакате. Само да ве потсетиме – ваков анкети не објавуваше само Орбан. И Груевски ги објавуваше. И резултатот беше ист – паднаа.
Доста е со лажни бројки и лажни реформи.
Реформи сега. Европа сега.