Собранието, во рамките на денешната 104. седница, ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.
Фетаи не дојде во Собранието да ја образложи оставката.
Министерот за здравство Азир Алиу откри дека Фетаи повеќе од два месеца не доаѓал на работа во Владата, а потоа се појавија фотографии од негово приватно патување во Тајланд. Во април годинава премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Фетаи лично му пренел оти во иднина не се гледа во владата што тој ја предводи и оти планира да се врати во Брисел, каде што има и претходно професионално искуство.
Копретседателот на Вреди, Изет Меџити, објави дека досегашниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел.
Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни за што соопшти преку социјалните мрежи. Фетаи во објавата на „Фејсбук“ вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест.
„Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека при околностите во моментот е најправедниот и најдостоинствен чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа на ова патување. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да“, наведе Фетаи.
Во оставката тој изрази благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додаде дека во сегашните околности повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и од тие причини се повлекува од должноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
