Background

Учениците во Мексико Сити утре ќе имаат слободен ден, а од државните службеници е побарано да работат од дома со цел да се спречи сообраќаен хаос во главниот град пред свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот „Ацтека“

Учениците во Мексико Сити утре ќе имаат слободен ден, а од државните службеници е побарано да работат од дома со цел да се спречи сообраќаен хаос во главниот град пред свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот „Ацтека“, јави ДПА.

Како еден од кодомаќините на турнирот, селекцијата на Мексико во првиот натпревар ќе ги одмери силите со Јужна Африка, поради што владата со вонредни мерки се обидува максимално да го растовари и онака преоптоварениот сообраќај во главниот град за време на овој голем спортски настан.

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум веќе потпиша декрет со кој се прекинува наставата во училиштата и универзитетите, а истовремено упати апел и до приватниот сектор да им овозможи на своите вработени да ги извршуваат обврските од дома. Од овие мерки се изземени само медицинските лица, полицијата и вработените во критичната инфраструктура, кои ќе ги извршуваат своите работни задачи во нормален режим.

- Advertisement -
Ad image

Свечената церемонија на отворањето и првиот натпревар ќе се одржат околу пладне по локално време во Мексико Сити. Програмата, во која ќе настапи и светски познатата пејачка Шакира, започнува во 11:30 часот по локално време (17:30 часот по Гринич), додека почетниот удар на премиерниот мундијалски натпревар е закажан за 13:00 часот (19:00 часот по Гринич).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation