Владата го прекинува обезбедувањето оружје од бугарската армија за Украина. Ова го изјави премиерот Румен Радев на почетокот на денешната седница на Советот на министри на ЕУ.
– Веќе дадовме доволно, а нашата земја продолжува да трпи социо-економски штети од оваа крвава војна – рече Радев, кој е убеден дека „решението на конфликтот не може да се постигне со воени средства“.
Одлуката засега ја коментираат странските медиуми. Според „Блумберг“, одлуката на новата бугарска влада да престане да ѝ обезбедува оружје на Украина, е во спротивност со напорите на европските земји да го зголемат притисокот врз Русија за прекин на војната.
Политико забележува дека овој курс го зајакнува поскептичниот став на Софија кон воената поддршка за Киев, во контекст на пошироките политики на Европската Унија. Порталот потсетува дека Бугарија обезбедила 13 пакети воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, но исто така ги истакнува критичките ставови на претседателот Румен Радев, кој ја дефинираше украинската кауза како „осудена на пропаст“.
Tagged as:
Владата го прекинува обезбедувањето оружје од бугарската армија за Украина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
