Најголемата фудбалска ѕвезда на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на претстојното Светско првенство ќе настапи со уникатни копачки изработени од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио „Swithadot Studios“.
Копачките се дел од специјалната линија „OneOfAKindS“ и се дизајнирани со инспирација од прекарот на Џеко – „Босанскиот змеј“. Во нив доминираат сини тонови, босанското знаме, како и рачно изработени детали со 18-каратно течно злато, кои симболизираат лидерство, наследство и големината на кариерата на напаѓачот.
Џеко на Инстаграм се пофали со подарокот кој го доби од македонското студио. Копачките ги доби пред пријателскиот натпревар кој се одигра на „Кошево“ меѓу Босна и Херцеговина и Македонија на 29 мај и кој заврши 0:0.
Од студиото „Swithadot Studios“, кое досега има соработувано со повеќе од 400 светски спортски и музички ѕвезди, велат дека станува збор за еден од нивните најпрепознатливи проекти досега, кој повторно ја става македонската креативност на светската сцена.
Овој проект претставува уште едно меѓународно признание за македонскиот дизајн, кој ќе биде дел од најголемиот фудбалски настан на планетата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
