Background

Израел ги прекина нападите, Иран најави воздржаност

Израел ги суспендираше нападите врз Иран на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави висок израелски функционер, додека иранското раководство најави дека ќе ги прекине своите операции доколку не продолжат нападите врз Либан.

Според израелските медиуми, Трамп лично побарал од премиерот Бенјамин Нетанјаху да не одговара веднаш на иранските ракетни напади и да се избегне ново ширење на конфликтот.

Информацијата доаѓа откако утринава Иран и Израел разменија огран во најголемата ескалација од априлското примирје досега.

Трамп побарал воздржаност

- Advertisement -
Ad image

Израелскиот Канал 12 објави дека Тел Авив ги стопира нападите врз Иран по интервенција од Белата куќа.

Во меѓувреме, „Њујорк тајмс“ објави дека Нетанјаху ѝ наредил на израелската армија да ги прекине подготовките за нов напад врз Иран.

Израелски претставници потврдуваат дека засега е донесена одлука за намалување на тензиите, иако конечната одлука за понатамошните чекори сè уште не е официјално соопштена.

Иран најави прекин на операциите

Иран ги прекинува нападите врз Израел, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА.

„Исламската Република му даде болен одговор на Израел за нападите врз Либан. Во овој контекст, со ова се објавува суспендирање на операциите на вооружените сили“, се додава во соопштението на иранското воено раководство, пренесено од ДПА.

Врховната воена команда на Иран исто така предупреди дека секоја нова израелска акција ќе биде проследена со уште посилен одговор.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Техеран нема да се повлече пред заканите, но дека останува отворен и дипломатскиот канал.

„Не ги напуштивме ниту бојното поле ниту преговарачката маса“, напиша Пезешкијан на платформата Икс.

Нови закани и покрај примирјето

И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје.

– Секој напад (од Хезболах) врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија – наведе премиерот за одбрана на Израел Бени Кац, алудирајќи на упориштето на Хезболах во јужните предградија на Бејрут.

Во меѓувреме иранскиот Совет за национална безбедност ги предупреди САД и Израел дека ако направат уште една грешка регионот ќе се претвори во „пекол“ за нив.

– Четириесет и седум години и 100 дена отпор – од бојното поле до градските плоштади, од градските плоштади до арената на политиката и дипломатијата – го променија светскиот безбедносен поредок. Доколку сатанската ционистичко-американска коалиција направи уште една грешка, регионот ќе стане пекол за нив – ја пренесе пораката секретарот на Советот, Мохамед Багер Золгхадр.

Размената на удари ја крена тревогата

Според Израелските одбранбени сили, Иран синоќа лансирал повеќе од 20 балистички ракети кон Израел како одговор на израелските напади врз цели на Хезболах.

Израел потоа возврати со напади врз воени цели во западен и централен Иран.

Иранските служби соопштија дека во последните израелски напади се повредени 15 лица, но нема загинати.

Паралелно со тензиите меѓу Израел и Иран, Хезболах испука три ракети кон израелски позиции во јужен Либан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation