Background

ММФ ПОТВРДИ, МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СТАБИЛНА

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден.

Во Извештајот на ММФ, објавен денеска се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5%, поттикнат од силната инвестициска активност и растот на приватната потрошувачка. Воедно, се констатира дека и покрај предизвиците на приходната страна, фискалните цели за 2025 година биле исполнети, а јавниот долг бележи благо намалување како резултат на силниот номинален раст на економијата.

Извршниот одбор на ММФ во извештајот на поздравува определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална консолидација и зачувување на одржливоста на јавните финансии.

- Advertisement -
Ad image

Во извештајот се нагласува дека континуираните напори за намалување на буџетскиот дефицит, подобрување на наплатата на приходите, зголемување на ефикасноста на јавните расходи и одговорното управување со јавниот долг се важни за дополнително зајакнување на отпорноста на економијата.

Истовремено, Фондот укажува на потребата од внимателно следење на надворешните ризици, особено во услови на зголемена неизвесност на меѓународните пазари и новите притисоци од растот на цените на енергијата.

Во извештајот позитивно е оценет и напредокот на државата во рамки на Планот за раст на Европската Унија, при што се потенцира важноста од продолжување на реформите насочени кон подобрување на продуктивноста, деловното окружување, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Во Извештајот се наведува дека во наредниот период е важно да продолжат активностите насочени кон фискална консолидација, јакнење на даночната администрација и подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и јавните инвестиции.

ММФ укажува и на потребата од понатамошно спроведување на структурните реформи за зголемување на продуктивноста, подобрување на деловната клима, унапредување на управувањето со јавните претпријатија и зајакнување на институционалните капацитети. Воедно, се потенцира значењето на реформите во енергетскиот сектор, пазарот на труд и мерките кои ќе придонесат за одржлив и инклузивен економски раст и побрзо приближување кон економските стандарди на Европската Унија.

Мисијата на ММФ беше спроведена во периодот од 18 до 31 март 2026 година, а извештајот е подготвен врз основа на прелиминарните наоди објавени по нејзиното завршување. Консултациите по членот 4 се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation