Background

Новите нарачки на германската автомобилската индустрија во април се намалени за 5,3% во споредба со претходниот месец

Новите нарачки на германската автомобилската индустрија во април се намалени за 5,3% во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Дестатис).

Ова, според Дестатис, има најголемо негативно влијание врз вкупниот пад на фабричките нарачки  кои според прелиминарните податоци се намалија за 3,8% во април.

„Ова е пресврт во споредба со март, кога нарачките се зголемија за ревидирани 4,5%“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Значителен пад на нарачките е забележан и во секторот за производство на електрична опрема, каде што нарачките се намалија за 16,3%, додека машинската индустрија забележа пад од 7,4%.

Нарачките од странство се намалија за 4,2% на месечно ниво, а домашните нарачки од Германија за 2,9%.

На квартална основа, во периодот од февруари до април, нарачките беа за 3,1% пониски во однос на претходните три месеци, се додава во соопштението на веб-страницата на Destatis.

И покрај послабите нарачки, прометот на германската преработувачка индустрија малку се зголеми.

Реалниот промет во април беше за 0,1% поголем во однос на март, додека беше забележан годишен раст од 0,6%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation