Background

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница на фестивалот „Олд Вест Енд“ во Толедо, САД

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница на фестивалот „Олд Вест Енд“ во Толедо, САД. Инцидентот се случил синоќа, малку по 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се растурат по завршувањето на настанот, пишува „Скај њуз“. Лицата кои го предизвикале несреќата се во бегство, а полицијата трага по нив.

Според полицискиот извештај, 10 лица се здобиле со прострелни рани, додека уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на жртвите се движи од 16 до 51 година. Едно од повредените лица е во критична состојба.

-Се чини дека имало двајца вооружени лица кои „веројатно пукале еден во друг“, и ниту еден од нив не е уапсен- изјави заменик-началникот на полицијата во Толедо, Џо Хефернан, на прес-конференција во саботата вечерта.

- Advertisement -
Ad image

 

Фестивалот „Олд Вест Енд“ е еден од најголемите во регионот, а оваа година ја прослави својата 51-ва годишнина.

Полицијата апелираше до јавноста за помош во истрагата. Шефот на полицијата Мајкл Троендл изјави:

– Нашите полицајци беа на терен за да помогнат во распрснувањето на толпата по завршувањето на фестивалот. Неколку истрели беа испукани кратко по 23 часот. Моментално имаме десет лица со прострелни рани и уште двајца кои беа повредени за време на бегството. Возраста на жртвите се движи од 16 до 51 година. Во овој момент, една жртва е во критична состојба. Никој не е уапсен. Бараме помош од јавноста. Доколку некој има информации, фотографии или видеа од инцидентот, ве молиме јавете се во полиција -рече тој.

Градоначалникот на Толедо, Ваде Капшукевич, го осуди насилството.

-Ова е тажен ден за нашата заедница. Фестивалот, кој е гордост на нашиот град повеќе од 50 години, стана место на насилни злосторства, кои, за жал, се премногу чести во нашата земја. Сакам да им се заблагодарам на службите за итни случаи кои реагираа толку брзо. Сега ни е потребна помош од јавноста за да го пронајдеме лицето или лицата одговорни за овој скандалозен чин. Некој знае нешто и треба да истапиме за да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата -рече тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation