Aмериканскиот претседател Доналд Трамп го коментираше отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го испрати на рускиот колега Владимир Путин, во кое повика на нивна директна средба и преговори за завршување на војната.
На средба со новинарите во Белата куќа Трамп изрази уверување дека токму САД одиграле клучна улога во приближувањето на двете земји кон мирот.
– Мислам дека би било одлично тие да се сретнат. Треба да го направат тоа и да го разработат – рече Трамп, додавајќи дека двете страни ќе мора да направат некакви компромси.
Кога новинар го праша за какви компромиси двете страни би морале да се согласат, американскиот претседател кратко одговори дека „подобро би молчел за тоа“, но додаде: „Сакам двете страни да направат одредени отстапки и мислам дека на крајот ќе го сторат тоа.“
Говорејќи за војната во Украина Трамп рече дека Киев „немаше да издржи ниту еден ден или два во војна со Русија без американско оружје и опрема“.
– Да не беше нашата војска и нашата опрема, Украина денес немаше да може да се бори за својот опстанок. Им дадовме опрема во вредност од стотици милијарди долари, најдобрата опрема. А ние произведуваме најдобра опрема во светот. Без тоа, тие немаше да издржат ниту еден ден или два – рече Трамп.
Трамп, исто така, се осврна на испораката на противтенковски ракети во Украина, верgојатно алудирајќи на преносните системи „Џавелин“ што му беа продадени на Киев за време на неговиот прв претседателски мандат.
– Се сеќавате на противтенковските ракети? Кога тенковите се заглавија во калта, и ги извадија, бум-бум-бум-бум. Тоа им го дадов. Тие рекоа: „Обама ви даде чаршафи, а Трамп ви даде едно од најдеструктивните оружја – рече американскиот претседател.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во четвртокот усвои закон со кој се обезбедува воена помош за Украина, поддршка за обновата на земјата и воведување нови санкции против Русија.
Предлог-законот беше ставен на гласање преку посебна постапка, таканаречена петиција за гласање, која ги заобиколи редовните комисии. На демократите им се придружија 18 републиканци и еден независен, Кевин Кајли, чие гласање овозможи да започне процесот.
Во меѓувреме, шефот на американската дипломатијата Марко Рубио сигнализираше дека наскоро се очекува соопштение за воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари, кое Конгресот веќе го одобри.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
