Граничниот премин „Маркова Нога – Лемос“ претставува стратешки проект за регионот на Преспа, но и за целиот Балкан, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот увид во градежните работи на македонско-грчката граница.
Тошковски нагласи дека Преспа е една од најубавите микролокации во Европа, додавајќи дека проектот има значајна вредност за двете пријателски држави.
– Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на нашите капацитети, затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти – за Преспа, но и за нашите две пријателски држави – изјави Тошковски.
Според најавите, изградбата на граничниот премин од македонска страна треба да биде завршена во септември оваа година, додека целосното завршување на целиот проект е планирано за 2028 година.
Евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека регионот на Преспа е од исклучителна важност и дека проектот има и еколошка димензија, бидејќи придонесува за заштита на природните богатства и зајакнување на соработката меѓу двете држави.
– Активностите од другата страна треба да завршат во февруари 2028 година. Проектот веќе е реализиран околу 60 проценти и работите се движат кон завршна фаза – посочи Рокас.
Постојаниот претставник на УНДП во земјата, Армен Григорјан, истакна дека Преспанското Езеро е уникатна природна вредност и дека е значајно што Светскиот ден на екологијата се одбележува токму во овој регион.
Граничниот премин „Маркова Нога – Лемос“ ќе има сообраќајница долга околу 350 метри со четири сообраќајни ленти, придружни објекти и модерни стандарди за меѓународен граничен премин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
