Teтовскиот фудбалски клуб Шкендија ја предупреди ФФМ дека неговиот спонзор би можел да се повлече од клубот и од македонскиот фудбал доколку не биде ревидирана последната казна.
Најавата доаѓа откако Фудбалската федерација на Македонија ја казни Шкендија со 105.000 евра и суспендирање од купот за идната сезона поради поради инцидентите за време и по финалниот натпревар против Силекс.
Следуваше одговор од ФФМ:
„Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија во намерата да стави крај на дивеењето на трибините. Почитувањето на противникот, навивачите, законите и државните симболи е обврска за сите и нема да има исклучоци“, наведуваат од Федерацијата.
Во финалето во кое победи Силекс фудбалерите на Шкендија одбија да примат медали, публиката ја исвиркуваше македонската химна, беше истакнат и спорен транспарент.
Од друга страна, ФФМ го казни Силекс со 5.000 евра поради пиротехника на финалниот натпревар.
Победникот на купот, Вардар, беше глобен 15.000 евра за недолично славење на титулата и за навредливо скандирање од трибините.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
