Background

Порој, грмотевици и силен ветар низ цела Македонија, на некои места е можен и град

Управата за хидрометеоролошки работи предупреди за нестабилно време во текот на утрешниот ден, со пороен дожд, грмежи и со локално невреме.

„Под влијание на циклонска активнос утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, во количина над 20 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер и со појава на град“, се вели во инфпрмацијата од УХМР.

Фото: УХМР

 

- Advertisement -
Ad image

Најстудено утре се очекува да биде во Маврово, со утринска температура до 9 степени, а најтопло во Гевгелија со максимална температура до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со изолирана појава на град, температурата ќе се движи од 14 до 27 степени.

На страницата за метеоаларми во Европа за Македонија е издадено жолто и портокалово ниво на предупредување, за дожд и за грмотевици.

Фото: Принтскрин

 

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот.

Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и со локално невреме.

Фото: УХМР

 

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation