Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Брисел учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу локалните власти од земјите членки на Европската Унија и кандидатите за членство.
На настанот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите на ЕУ, како и од државите кандидати за членство.
Според него, седницата е можност за размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините и дискусија за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција, со посебен фокус на улогата на локалната власт во овој процес.
„Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес и во спроведувањето на реформите. Тие се директни партнери во приближувањето на локалните стандарди кон европските и во исполнувањето на агендата за интеграција“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Тој посочи дека фокусот на дискусиите е ставен на продолжувањето на реформските процеси, патот кон членство во Европската Унија и зајакнувањето на улогата на локалната самоуправа како значаен фактор во приближувањето на државата кон европското семејство.
На седницата присуствуваа и градоначалниците на Чаир и на Центар, Изет Меџити и Горан Герасимовски.
Меџити, исто така, истакна дека интеграцијата во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија.
„Во овој процес, локалната самоуправа има незаменлива улога како алка што ги поврзува реформите со конкретните потреби на граѓаните и ги доближува европските стандарди до локално ниво“, објави Меџити на Фејсбук.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
