Background

РАМА СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ПРОЕКТОТ НА ЗЕТОТ НА ТРАМП

„Ќе направев полошо од вас, ако ми кажеа дека таа земја ѝ припаѓа на државата и дека државата им ја дава на странци“.

Вака изјави премиерот на Албанија во Парламентот за демонстрациите против проектот за хотелски комплекс на Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп во Албанија.

Рама вели дека земјиштето на кое се гради е приватно дека не било доделено од државата, туку инвеститорот го купил од приватни сопственици. Според него, голем дел од приказните што се шират околу проектот немаат допирна точка со фактите.

- Advertisement -
Ad image

– Да ми кажаа дека тоа е заштитено подрачје и дека владата го отстранила од заштита за да им го даде на странци, кои ќе дојдат да го уништат биодиверзитетот на подрачјето, и јас ќе постапев како вас – порача тој.

Што го предизвика револтот?

Темата повторно се разгоре откако локални жители и активисти протестираа против изградбата во Звернец, во близина на лагуната Нарта.

Демонстрантите тврдат дека проектот ќе има сериозно влијание врз природната средина и дека владата со законски измени му ја отворила вратата на инвеститорот.

Сличен протест се одржа и во Тирана.

Пред зградата на Министерството за внатрешни работи и пред владата се појавија транспаренти со пораки „Албанија не е на продажба“ и „Поништете го договорот“.

Дел од демонстрантите побараа и оставка од Рама.

Кушнер, Трамп и проект вреден милијарди

Проектот се поврзува со компанија зад која стои Џаред Кушнер, сопруг на Иванка Трамп и зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според досегашните информации, инвестицијата се проценува на околу четири милијарди долари и опфаќа приближно 250 хектари во рамките на екосистемот Нарта-Звернец.

Инвеститорите тврдат дека проектот ќе се реализира според сите законски процедури и дека ќе отвори повеќе од 10.000 работни места.

Во јануари 2024 година, Кушнер и Иванка Трамп ја посетија Албанија за промоција на проектот. Иванка подоцна повторно беше во регионот под силно обезбедување.

Сменет e и полициски началник

Рама не ги бранеше сите случувања на терен. Тој изрази незадоволство од реакцијата на полицијата за време на протестите во Звернец.

Особено се осврна на снимките на кои се гледа како демонстрант е влечен од приватно обезбедување додека полицијата не интервенира.

Според него, таквото однесување било неприфатливо. Поради случувањата веќе е сменет началникот на Полицискиот комесаријат во Валона.

Проектот продолжува

И покрај протестите, албанската влада не покажува намера да се повлече. Рама останува на ставот дека околу инвестицијата се шират дезинформации и дека земјиштето не е државно, туку приватно купено.

Од друга страна, активистите најавуваат дека отпорот ќе продолжи и во наредниот период.

Така, туристичкиот проект што треба да донесе милијарди долари инвестиции сè повеќе прераснува во едно од најконтроверзните политички и еколошки прашања во Албанија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation