Background

Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи, соопшти дека му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски својата оставка од функцијата што ја извршуваше

Вицепремерот за добро владеење Арбен Фетаи, соопшти дека му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски својата оставка од функцијата што ја извршуваше.

Во јавна објава на социјалните мрежи, тој напиша дека одлуката е донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. Фетаи оцени дека за време на неговиот мандат придонел за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и кон владеењето на правото.

„Денеска му ја доставив на премиерот мојата оставка од функцијата заменик-претседател на Владата за добро владеење. Во изминатите две години имав чест и привилегија да ѝ служам на државата, придонесувајќи за реформи што имаат за цел зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото — мисија која е исто толку важна, колку што е и неблагодарна. Дали сум целосно задоволен од она што го постигнавме? Секако дека не. Секогаш има простор за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со максимална посветеност за да поставам здрави темели врз кои може понатаму да се гради? Без никаква дилема, да“, објави Фетаи.

- Advertisement -
Ad image

Заминувам со крената глава и со чиста совест, додава тој.

„Ова е внимателно донесена одлука, базирана на убедувањето дека во актуелните околности ова е најправилниот и најдостоинствениот чекор. Им благодарам на сите што ми укажаа доверба, ме поддржаа и што соработуваа со мене. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и до граѓаните кои ми беа поддршка и мотивација на секој чекор“, вели Фетаи.

Службата на јавниот интерес не завршува со функцијата, додаде.

„Напротив, таа продолжува секаде каде што има потреба од интегритет, храброст и од слободни гласови во одбрана на заедничкото добро“, напиша Фетаи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation