Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов голем напад врз украинските градови и населени места, повикувајќи се на разузнавачки информации што, како што наведе, се споделени со меѓународните партнери.
Во телефонски разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, Зеленски истакнал дека Украина располага со податоци кои укажуваат на можни засилени воздушни напади во наредниот период.
– Разговарав со австрискиот канцелар Штокер, на кого му сум благодарен за неговото сочувство во врска со постојаните руски воздушни напади. Го информирав за нашите разузнавачки податоци кои говорат дека Русите подготвуваат нов голем напад врз украинските градови – наведе Зеленски на својот Телеграм канал.
Тој додаде дека е од суштинско значење меѓународните партнери на Украина да реагираат координирано на ваквите закани, пред сè преку зголемена воена помош и испорака на антибалистички системи за одбрана.
Според него, само заеднички и навремени одговори можат да ја зајакнат заштитата на украинските градови од, како што рече, континуираните руски воздушни напади.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
