Background

Голема спасувачка акција јужно од Крит

Грчката крајбрежна служба во текот на вчерашниот ден спроведе голема спасувачка операција јужно од Крит и Гавдос, при што беа откриени и спасени вкупно 610 бегалци и мигранти во 13 одвоени случаи, на исто толку чамци.

Според официјалните извештаи и соопштенија, чамците биле забележани во различни делови од морската зона јужно од двата острови во текот на утрото, попладнето и вечерта. Дел од нив биле лоцирани од грчката крајбрежна служба, дел од мисијата на Фронтекс, а некои биле пријавени и од товарни бродови кои пловеле во близина.

Сите мигранти биле безбедно пренесени на пристаништата на Крит и Гавдос. Во одредени случаи, самите лица во чамците побарале помош откако се нашле во опасни услови на отворено море.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со зголемениот притисок на јужната миграциска рута, грчкиот министер за миграција и азил Танос Плеврис порача дека државата ќе реагира построго доколку продолжат обидите за нелегални влезови.

Одговарајќи на пратеничко прашање во парламентот, Плеврис изјави дека можни се нови, построги мерки од оние што биле применети во минатото.

– Ако има обиди да продолжи она што се случи вчера со нелегалните пристигнувања на над 600 лица на Крит, ќе преземеме многу строги мерки за кои веќе разговаравме со премиерот, многу построги од едноставното суспендирање на азилот што беше направено во минатото – рече Плеврис, додавајќи дека Грција нема да дозволи повторување на сценаријата од бегалската криза во 2015 и 2016 година.

Во меѓувреме, грчките власти потсетуваат дека во периодот на зголемен притисок од јужната рута, Владата веќе има донесено привремени мерки за управување со нелегалните пристигнувања, вклучително и построги процедури за задржување на мигрантите кои влегуваат од Северна Африка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation