Background

Презентирани докази за објектот во кој работеше дискотеката „Пулс“

Со изведување материјални докази на Обвинителство, денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 луѓе, а 222 беа повредени.

Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движењето на имотот, односно целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓаше дискотеката „Пулс“.

Обвинителството презентираше 19 записници од извршен увид од комунални инспектори во кафе-барот „Класик“, во кои како управител е наведен обвинетиот Митко Стојанов, директор на фирмата „ММММ кафе“, која стопанисуваше со кафе-барот и со дискотеката. Сите увиди се извршени во негово присуство.

- Advertisement -
Ad image

Беа презентирани повеќе докази поврзани со барање од Никола Кузманов од 1999 година, кој е првиот сопственик на имотот каде беше „Пулс“. Барањата се однесуваа на изградба на деловен објект, заедно со план, проект и елаборат за градба, како и документ и одобрение за градба издадени од Министерство за урбанизам и градежништво.

Беа приложени и документи од Гроздан Милковски – сопственик на имотот и на објектот во кој функционираше дискотеката, како и документација за легализација на бесправна градба на дел од објектот . Меѓу овие докази беа приложени имотен лист со објект на Милковски, купени од претходниот сопственик Кузманов, како и документација за легализација на дивоизградената доградба на објектот, направена подоцна.

На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на Обвинителството – видеоснимки и фотографии од „Пулс“, од критичната вечер и од претходните години.

Судот на почетокот на денешното рочиште им посочи на дел од одбраната дека доказите кои се презентираат од Обвинителството се обезбедени во оригинал и доколку сакаат може да извршат увид.

Одбраната на Митко Стојанов до Судот достави предлог за укинување на мерката притвор и замена со мерки за претпазливост, укажувајќи дека тој повеќе од една година е без работа и без приходи и дека мора да работи за да го враќа хипотекарниот кредит, за да не остане без куќа.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation