Background

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии.

На седницата за нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен.

„Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 мај 2026 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со животот на нашата Света Црква. Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи од епархиите на МПЦ – ОА во татковината и дијаспората при што обрна посебно внимание на оние показатели кои сведочат за демографската состојба кај македонскиот православен народ. Воден од пастирска грижа, Светиот архијерејски синод, одлучи да формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства“, соопшти МПЦ-ОА по седницата.

- Advertisement -
Ad image

Разгледувајќи ја состојбата на духовното и културно богатство на македонските храмови и манастири, Синодот со жалење констатирал дека заради немање доволно стручни кадри кои би го конзервирале, тоа се наоѓа во лоша состојба.

Светиот Синод апелира до надлежните институции неодложно да преземат соодветни мерки со цел да се зачува она што е оставено од нашите претходници.

Како основач на воспитно-образовните институции при МПЦ – ОА, Синодот ја поздравил работата на Управата на Богословијата, која учебната 2025/26 година спроведе наставна програма од 4 години, а денот за упис на нови ученици ќе биде на 19 јуни 2026 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation