Изгаснат е пожар што синоќа избувна во објект на поранешна текстилна фабрика во Радовиш, информираат од радовишката Противпожарна единица.
Во пожарот беа зафатени производствен погон, магацински простор и дел од машините.
Според радовишките пожарникари во магацинот имало запаливи материјали поради што истиот брзо се проширил, но со брза и навремена реакција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола и е целосно изгаснат.
– И покрај тешките услови на терен пожарникарите вложија значителни напори за да се спречи понатамошно ширење на огнот, како и да се заштитат околните објекти и имот- информираат од ТППЕ Радовиш.
Во гасењето на пожарот учествувале и екипи на противпожарните единици Струмица и Мантово.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати и дополнително ќе се утврдуваат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
