Најмалку четири лица загинаа, а 17 сè уште се водат како исчезнати откако се урна недовршенa зграда во филипинскиот град Анџелес, недалеку од Манила, додека спасувачките служби продолжуваат да бараат десетици луѓе за кои се стравува дека се закопани под урнатините.
Деветкатната зграда, која сè уште била во изградба, се урна околу три часот наутро по локално време. Според првите информации, во зградата во моментот на несреќата имало многу градежни работници (пријавени се 30 до 40 лица затрупани под урнатата зграда).
– Осум лица кои беа во близина на зградата беа спасени, додека уште 11 лица, вклучувајќи го и раководителот на градилиштето, успеаја да избегаат -изјави портпаролот на градот Џеј Пелајо за радиото DZBB.
Тој додаде дека на градилиштето имало голем број работници.
Според информациите од раководителот на градилиштето, меѓу 30 и 40 лица се водат како исчезнати- рече Пелајо, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување се во тек.
Локалните власти објавија дека 65-годишен маж од Малезија, кој наводно престојувал во хотел веднаш до градилиштето, починал. Според противпожарната служба, тој успеал да контактира со спасувачите по телефон додека бил закопан, но починал пред да можат да го извлечат.
Снимките од местото на несреќата покажуваат огромни количини бетон, срушени скелиња и заштитни мрежи што паднале на улицата.
-Големи парчиња бетон го отежнуваат спасувањето – рече Пелајо.
Еден сведок изјави дека слушнал гласен татнеж непосредно пред уривањето. Таа рече дека накратко ја изгубила свеста и се разбудила опкружена со урнатини што покривале две улици.
Филипините се соочија со серија несреќи во градежништвото во последните години што експертите ги припишуваат на лошото планирање, лошиот надзор и проблемите во управувањето со проектите.
На почетокот на годината, уривањето на депонијата во Себу Сити одзеде животи на 11 работници.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
