Background

Масовни протести во Мадрид против високите кирии

Повеќе илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во центарот на Мадрид, протестирајќи против растот на цените на кириите и сè потешката достапност до станови. Протестите доаѓаат во момент кога Шпанија се соочува со продлабочена станбена криза која погодува сè поголем број граѓани.

Под слоганот „Домувањето нè чини живот“, демонстрациите ги организираше Синдикатот на потстанари на Мадрид, со поддршка на повеќе синдикати и граѓански организации, пренесува РТВЕ.

Портпаролката на синдикатот, Алисија дел Рио, изјави дека актуелниот систем на домување ги турка луѓето во тешка состојба и го претвора домувањето во средство за профит, наместо основна човечка потреба.

- Advertisement -
Ad image

– Издавањето на голем број недвижности ги зголемува цените и ги блокира животните планови на луѓето. Тоа ги уништува градовите и создава несигурност – изјави Дел Рио.

Таа повика на граѓанска непослушност како, како што рече, единствен начин за отпор кон „диктатурата на рентиерството“, додавајќи дека потстанарите нема да прифатат притисоци од сопствениците на станови.

Дел Рио упати критики и кон институциите, обвинувајќи ги дека дозволуваат профитирање на сметка на основно човеково право, и повика на заеднички синдикален притисок, па дури и генерален штрајк.

На протестот учествуваа и претставници на големите синдикати Работнички комисии и УГТ, како и политички фигури од левицата, меѓу кои Ионе Бељара и Ирене Монтеро, како и претставници на Социјалистичката партија на Мадрид.

Поддршка дадоа и организации на пензионери, феминистички, еколошки и антирасистички движења, како и синдикатот ЦГТ и здруженија на станари.

Протестот во Мадрид е вовед во поширок бран демонстрации кои до крајот на јуни ќе се одржат во 24 градови низ Шпанија, меѓу кои Барселона, Валенсија, Малага и Лас Палмас.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation