Background

Се одржа молебен на гробот на свети Кирил во Рим

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај.

Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во словото за св. Кирил архиепископот рече дека неговото и делото на Методиј не исчезнало со вековите и дека нивната жртва раѓа нови плодови.

- Advertisement -
Ad image

– Додека постои нашиот народ, вашите имиња ќе се споменуваат – рече поглаварот на МПЦ-ОА, зборувајќи за просветителска мисија со која творците на словенската писменост го ослободиле од темнина словенскиот народ.

Почит пред гробот на св. Кирил оддаде и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој со делегацијата што ја предводи ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик.

Таа е поставена во 2015 година како благодарност од македонскиот народ за гестот на папата Адријан Втори, кој во 868 година, во оваа базилика ги осветил словенските книги што во Рим ги донеле браќата Константин (Кирил) и Методиј.

Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск, кој почина минатата година.

– Ова чествување не е само дипломатски и државнички чин туку и длабоко духовен и цивилизациски настан, кој е силен потсетник на вредностите врз кои се темелат словенската култура, образованието и писменоста – изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација на чествувањето во Рим, кое годинава го организира Собранието на Република Северна Македонија.

Љутков истакна дека свети Кирил е еден од најголемите духовни и просветителски дејци во словенскиот свет кој оставил длабока трага во развојот на словенската писменост и култура.

– За нас како држава, наследството на светите браќа Кирил и Методиј е живо и денес и тоа се гледа од нашата посветеност и заложба во зачувувањето на македонскиот јазик, на културата и духовната традиција, како и од грижата за културното наследство и промоцијата на вредностите на дијалогот, просветителството и меѓусебното почитување – истакна министерот Љутков.

Манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“ ќе биде заокружена утре со концерт на ансамблот „Консонанс“ што е можност македонската култура достоинствено да се претстави пред меѓународната јавност. Министерството за култура и туризам го одржува и го финансира овој настан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation