Background

Украина категорично негира – погоден е штаб на специјалци, Москва манипулира

Рускиот претседател Владимир Путин остро го осуди неодамнешниот украински напад врз интернат во градот Старобелск, кој се наоѓа под контрола на руските сили во Луганската област. За време на состанокот со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија, Путин порача дека Москва нема да премолчи пред ваквите акции и најави дециден одговор од страна на руската армија.

Според информациите од Москва, нападот бил извршен со употреба на западно оружје, со што дополнително се заоструваат тензиите на фронтот.

Руските власти соопштија дека цел на нападот била цивилна инфраструктура – зграда на интернат во Старобелск каде што биле сместени цивили. Иако претставници на локалните проруски власти веднаш излегоа на терен за да ги санираат последиците, Москва овој чин го оквалификува како „директен напад врз невини граѓани“.

- Advertisement -
Ad image

За време на состанокот на Советот за безбедност, фокусот бил ставен токму на одбранбената стратегија и заштитата на инфраструктурата во регионите кои Русија ги прогласи за своја територија.

Рускиот претседател беше дециден дека ваквите потези на Киев ќе предизвикаат директни воени последици.

„Нападот врз цивилен објект во Старобелск, каде што се наоѓаат невини луѓе, претставува уште еден доказ за методите што ги користи Киев. Русија нема да остане рамнодушна на ваквите провокации. Нашата армија веќе ги подготвува соодветните чекори и одговорот на овој чин ќе биде неминовен и сериозен,“ изјави Владимир Путин за време на сообраќањето до Советот за безбедност.

Путин рече дека власта во Киев во текот на изминатата ноќ извела „терористички напад врз интернатот на Старобелската педагошка школа“ во Луганската Народна Република (ЛНР). Тој тврди дека во близина на образовната установа немало воени објекти, како и дека нападот бил „изведен во три бранови“, со 16 дронови, нагласувајќи дека тој напад не бил случаен.

Генералштабот на Вооружените сили на Украина денеска соопшти дека руските медиуми шират „манипулативни информации“ оти Украина наводно во текот на изминатата ноќ гаѓала цивилни објекти на територијата на окупираната Луганска област, а во соопштението се нагласува дека цел на тој напад бил еден од штабовите на руската специјална единица „Рубикон“.

„Руските медиуми активно шират манипулативни информации за наводната штета што Вооружените сили на Украина ја нанеле врз објекти на цивилната инфраструктура на привремено окупираната територија на Украина. Ве известуваме дека Вооружените сили на Украина нанесуваат штета на воената инфраструктура и на објектите што се користат за воени цели, строго придржувајќи се до нормите на меѓународното хуманитарно право, законите и обичаите на војувањето“, наведува Генералштабот на Вооружените сили на Украина во објава на Фејсбук.

Во соопштението се вели дека во текот на изминатата ноќ цел на украинските напади биле низа објекти на руска територија, вклучувајќи рафинерија за нафта, складишта за муниција, системи за противвоздушна одбрана, командни пунктови и непријателска жива сила, вклучувајќи го и еден од штабовите на единицата „Рубикон“ во областа на градот Старобилск, во Луганската област која е под контрола на Русија.

Генералштабот наведе дека „Рубикон“ е дел од руска воена специјална единица, Центар за напредни беспилотни технологии, чии претставници редовно напаѓаат цивили и цивилни објекти на територијата на Украина.

Старобелск е важен логистички центар во Луганската област, кој се наоѓа под руска контрола уште од почетните фази на инвазијата. Најавата за одговор од страна на Путин, според воените аналитичари, може да навести нов бран масовни ракетни и дронски напади врз енергетската и воената инфраструктура низ Украина во следните денови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation