Фотографија од ценовникот на такси услуга од хрватскиот приморски град Задар со астрономски цени предизвика вистинска бура на популарната социјална мрежа Reddit.
Објавата, со коментар „Старецу мој, дали си нормален?“, брзо собра стотици реакции и започна дискусија за цените на услугите во Јадранското Море, регулирањето на пазарот и можните нелегални активности.
Фотографија прикажува ценовник со две тарифи. Според првата, почетната цена и првите 5 километри возење чинат неверојатни 120 евра, додека секој следен километар се наплаќа по 24 евра.
Втората тарифа е уште поекстремна, со почетна цена од 50 евра, а секој поединечен километар возење чини дополнителни 50 евра.
Во ценовникот исто така се наведува дека еден час возење побавно од одредена брзина или чекање чини дури 60 евра.

Едноставна пресметка покажува дека, на пример, возењето од аеродромот Задар до центарот на градот, кој е долг околу 12,5 километри, би го чинело патникот околу 300 евра. За споредба, вообичаената цена за истата рута е околу 25 евра, а преку транспортните апликации може да биде значително пониска, пресмета хрватски Данас.
Објавата брзо стана вирална и генерираше голем број коментари, претежно негативни.
Многу корисници на социјалните мрежи ги оценија ваквите цени како „грабеж на туристи“ и сериозен удар врз угледот на Хрватска како туристичка дестинација. Но, има и такви дека таксито служи за перење пари.
Меѓу стотиците коментари, преовладува и тој според кој – најбезбеден начин да се избегне измама е да се користат апликации како Uber или Bolt, каде што цената на возењето е позната однапред.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
