Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, додека просекот бруто плати изнесуваше изнесуваше 72.818 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Споредбата март 2026 – март 2025 година покажува годишен раст од 8,2% на нето-платата.
Три сектори се заслужни за овој годишен раст на просечната нето-плата при што највисок раст има во секторот „транспорт и складирање“ од 15,6%. Следат „дејности во врска со недвижен имот“ од 12,2% и во секторот „информации и комуникации“ каде што растот изнесува 11,6%.
Податоците на статистика покажуваат дека и во март овие три сектори имале висок месечен раст на нето -платите. Во секторот „транспорт и складирање“ тој изнесувал 10,9%, во „дејности во врска со недвижен имот“ од 9,1% и во секторот „информации и комуникации“ од 8,5%.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
