Background

Концертот на светската ѕвезда во Подгорица беше накратко прекинат поради фрлен солзавец

Во главниот град на Црна Гора, Подгорица, синоќа се одржа концерт на светската музичка ѕвезда Рики Мартин. Поводот беше голем – прославата на 20-годишнината од обновата на независноста на Црна Гора, пишуваат црногорските медиуми.
Десетици илјади граѓани го исполнија Плоштадот на независноста во Подгорица за да го гледаат настапот на порториканската ѕвезда во живо, објавија црногорските медиуми. Не само што Плоштадот на независноста беше целосно исполнет, туку преполни беа и околните улици и ресторани.
Пред Рики Мартин, како вовед во музичкиот спектакл, настапија и домашни изведувачи. Очекувањето го достигна својот врв кога Рики Мартин излезе на сцената, поздравен со стоечки овации и громогласен аплауз од воодушевената публика.
Ѕвездата на вечерта веднаш ѝ се обрати на публиката, честитајќи им го Денот на независноста и ветувајќи незаборавна ноќ:
– Ви благодарам многу. Ова ќе биде многу убава вечер. Ќе биде многу убаво и можам да го видам тоа во вашите очи, насмевки и енергија. Вечерва ќе биде посебна во Црна Гора. Дали сте подготвени да се забавувате, Црна Гора?

 

Тој го започна својот настап со легендарниот хит „Марија“, а на самиот почеток ги изведе и песните „She Bangs“ и „Private Emotion“ и ја разигра публиката уште со првиот такт.
За жал, атмосферата накратко беше нарушена кога беше фрлен солзавец, што предизвика прекин на концертот.

 

Сепак, по брза реакција, концертот набрзо продолжи. И покрај краткиот инцидент, забавата во Подгорица продолжи длабоко во ноќта, а публиката пееше и танцуваше со Мартин.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation