Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно се очекува поголема дестабилизација на временските прилики – пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски на својот портал Метеоаларм.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Локално, атмосферските процеси ќе бидат поинтензвни во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.
Целата прогноза на Поповски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
