Охрид денес танцуваше и се радуваше на младоста и успесите на годинешните матуранти кои ја одржаа традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“, тие го одиграа танцот Квадрил.
На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски кој посака да бидат добри и одговорни луѓе.
-Денеска ја испишавте последната страница и ја затворате книгата на вашето средно образование. Високо сте искасчени на школскиот врв, но тука вашите предизвици не завршуваат. Колку ќе ги раширите крилјата кои ние ви ги дадовме преку образовниот процес, колку и каде ќе слетате зависи само од вас и никој друг. Доволно сте воспитани и едуцирани да процените дека што и да изберете, каде и да застанете, на пониска или повисока гранка најбитно е да бидете добри луѓе, со добра мисла, чисто срце, чесни и без пороци.
Не можете сите да бидете академски граѓани, потребни ни се и занаетчии, само така заедницата е цело, но најбитно од се е да бидете ЛУЃЕ. А големи се само оние кои не скривнуваат од прав пат кои чесно со труд ја градат иднината.
Младоста е пролет во која се сее семето за староста. Како ќе се насочите сега таков ќе ви биде целиот живот. Слатки се младешките плодови. Уживајте во нив, другарувајте, заобиколете го Светот, пронајдете ја љубовта на вашиот живот но никогаш не се откажувајте од големите сонови. Летајте високо, бидете вредни, вложувајте се себе си и не се откажувајте од целта. Упорните и трудољубивите секогаш стигнуваат до нејзе.
Добро размислете дали ќе станете идни академски граѓани или нова работна сила. Што и да изберете бидете задоволни и исполнети од изборот. Само така ќе бидете среќни, успешни и ќе можете да допринесувате во здраво градење на општеството кое останува на вас..
Бевте генерација за пофалба, вредни, одговорни и послушни. Се надевам дека подготвени и самоуверени ќе зачекорите по патеките што водат кон високо образование, професионални ангажмани и нови работни места.
Ние остануваме тука да ве бодриме и да се радуваме на секој ваш нареден успех.
Здрави и среќни со високо крената глава успешно патувајте во животот! – рече Божиноски.
Манифестацијата „Матурска парада“се одржа и во Скопје, Струга,Струмица, Гевгелија и Куманово како и во градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
