Тетовскиот фудбалски клуб Шкендија се огласи по реакциите во јавноста и најавите за можни санкции од Фудбалската федерација на Македонија по финалето од Купот против Силекс.
Најголем дел од реакциите се однесуваат на тоа што фудбалерите на Шкендија не се појавија на церемонијата за доделување на сребрените медали. Нивните навивачи исто така ја исвиркаа македонската химна.
Од тетовскиот клуб тврдат дека немало намера да се одбијат медалите.
„Сакаме да нагласиме дека во ниту еден момент КФ Шкендија не одби да ги прифати медалите, ниту пак имаше намера да го навреди организаторот или противничкиот тим“.
Шкендија објаснува дека по натпреварот играчите останале пред трибината за да им се заблагодарат на навивачите и да разговараат со нив по поразот.
„Поради емоциите, бучавата на стадионот и ситуацијата создадена во тој момент, играчите не го слушнаа повикот за церемонијата на доделување медали“, наведуваат од клубот.
Од Шкендија додаваат дека побарале дополнително време од организаторите за да се смири ситуацијата и тимот да се врати на теренот.
Во соопштението се посочува дека дел од играчите во меѓувреме заминале кон соблекувалната за да облечат дресови и спортска опрема, бидејќи дел од дресовите им ги подариле на навивачите веднаш по мечот.
„Целата ситуација беше резултат на недоразбирање и техничка грешка во емотивните моменти по натпреварот, а не намерна одлука или акција од страна на клубот или нашите играчи“, се вели во реакцијата на Шкендија.
Од клубот нагласуваат и дека нивни претставници им честитале на играчите на Силекс за освоениот трофеј.
Во меѓувреме, ФФМ најави можни санкции поради исвиркувањето на македонската химна од страна на навивачите на Шкендија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
