Само ден по драмата со дроновите над Литванија и над Естонија, Москва испрати остра порака до Балтичките држави во Советот за безбедност на Обединетите Нации. Рускиот амбасадор Василиј Небензја предупреди дека „членството во НАТО нема да ги спаси“ доколку Украина врши напади од нивна територија.
Тензиите на источното крило на НАТО дополнително се зголемија откако Русија директно им се закани на Литванија, Латвија и Естонија по драмата со дроновите над Балтикот.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, во Советот за безбедност предупредил дека Москва би можела да возврати ако Украина врши напади од територијата на балтичките држави.
– Членството во НАТО нема да ве заштити од одмазда – изјавил Небензја.
Изјавата доаѓа само еден ден по хаосот во Литванија, кога НАТО подигна борбени авиони поради дрон што летал кон Вилнус.
Тогаш литванскиот претседател Гитанас Науседа и дел од пратениците беа евакуирани во подземен бункер, додека сирените за воздушна опасност се слушаа низ главниот град.
Илјадници граѓани се засолнија во подземни гаражи и засолништа.
Русија обвини дека балтичките држави подготвуваат терен Украина да врши напади врз руски цели од нивна територија.
Латвија веднаш ги отфрли ваквите обвинувања.
Претставничката на Латвија во Советот за безбедност на ОН, Санита Пављута-Десландес, ги нарече руските тврдења „чиста измислица насочена кон дестабилизација на НАТО“.
Дополнителна нервоза предизвика и инцидентот над Естонија.
Борбен авион Ф-16 на НАТО претходно собори дрон за кој Талин се сомневаше дека е украинско летало пренасочено од руските сили.
Украина подоцна се извини за „ненамерниот инцидент“ и ја обвини Москва за електронско пренасочување на беспилотните летала кон воздушниот простор на НАТО.
Литванската премиерка Инга Ругињене предупреди дека Русија можеби ја тестира решителноста на Алијансата.
– Војната е поблиску од кога било – изјавила таа.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека Алијансата реагирала „смирено и решително“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
