Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европската Унија како преоден чекор кон полноправно членство, оценувајќи дека таквиот модел би можел да помогне во напорите за завршување на војната со Русија.
Според предлогот на Мерц, украинските претставници би можеле да присуствуваат на самити и министерски состаноци на Европската Унија, како и да учествуваат во работата на Европската комисија и Европскиот парламент, но без право на глас и одлучување.
Германскиот канцелар смета дека овој модел би испратил силна политичка и безбедносна порака кон Киев, но и кон Москва, во период кога се водат дипломатски напори за прекин на конфликтот.
Мерц предлага и земјите-членки на Унијата политички да се обврзат дека клаузулата за заемна помош ќе важи и за Украина, што според него би претставувало дополнителна безбедносна гаранција и би придонело за стабилноста на Европа.
Украина во моментов има кандидатски статус за членство во Европската Унија, но европски дипломати предупредуваат дека целосното членство е долг процес кој подразбира сериозни реформи и ратификација од сите 27 земји-членки.
Германскиот канцелар најави дека за иницијативата ќе разговара со европските лидери во наредниот период.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
