Градските власти во Улцињ одлучија да стават крај на одењето во костими за капење надвор од плажите и базените. Според новите правила за комунален ред, секој што ќе се појави на јавни површини оскудно облечен или без дел од облеката може да плати казна од 150 до дури 500 евра.
Ограничувањето се однесува особено на улици, плоштади, шеталишта, пешачки зони, паркови и други јавни површини кои не се наменети како капалишта.
Градските власти велат дека целта на новите мерки е заштита на комуналниот ред и достоинството на градот.
Во одлуката се наведува дека „за заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните површини, забрането е одење во костим за капење или без дел од облеката на јавни површини во урбаните и приградските населби и туристичките места во општина Улцињ, освен во капалиштата, на плажите и по непосредниот брег наменет за капење“.
Лицата кои ќе го прекршат новото правило ќе бидат казнети со парична казна од 150 до 500 евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
