Background

Најскапа вода пијат Кочанчани, а најевтина жителите на Желино

Лани загубата на вода на национално ниво изнесуваат 63,05% и се помали за 0,16% во споредба со 2024 година. Дополнително забележено е и намалување од 0,33 m³ и кај просечната месечна потрошувачка на вода на домаќинствата – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален (РКЕ).

Просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода лани изнесувала 12,59 m³.

Домаќинствата од југозападниот регион имаат најмала просечна потрошувачка од 8,67 m³, додека во вардарскиот регион е најголема со 15,10 m³.

- Advertisement -
Ad image

Фактурираната количина на вода во 2025 година изнесува 36,95% и е практично на исто ниво како и претходната година (36,79%).

Најниската тарифа за домаќинства  на државно ниво ја применува ЈПКД Мирмбајтја Желино со 14,09 ден/m³ од Полошки регион, додека највисоката тарифа ја применува КЈП Водовод Кочани со 51,16 ден/m³ од Источен регион.

Највисок процент на неприходувана вода има во Југозападен регион од 73,00%, додека најмал процент на неприходувана вода е регистриран во Југоисточен регион 47,88%.

Процентот на покриеност со водоснабдување во 2025 година бележи зголемување во сите региони во споредба со 2024 година.

Притоа најголема покриеност има во источниот регион со 92,58%, додека најголемо зголемување на процентот на покриеност со вода за една година од над 3% е регистриран кај југоисточниот регион  и изнесува 87,50%, што се толкува за резултат на инвестирањето во водоводи.

– Станува збор за проширување на мрежата преку нови инвестиции, но влијание во зголемувањето на покриеноста со водоснабдување има и трендот на приклучување на малите водоснабдителни системи од руралните средини и нивното припојување кон големата градска мрежа – велат од РКЕ.

РКЕ во 2025 година има донесено 34 решенија за утврдување на тарифи (опсег) за снабдување со вода за пиење, кои потоа ги одобрува советот на соодветните општини и 9 конечни регулаторни тарифи, што се обврзувачки за примена и се донесени откако советот не го прифатил предложениот опсег на цени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation