Background

Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи

Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи.

Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски компании, како и експерти и носители на одлуки во областа на дигиталните плаќања, управување со ризици и иновации.

Конференцијата ја отвори претседателот на EACHA, Хозе Луис Ланга, додека за искуствата и развојот на македонскиот платежен сектор говореа генералниот директор на КИБС, Горан Анастасовски и претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова-Штериева.

- Advertisement -
Ad image

Меѓу предавачите на конференцијата беа и Флоријан Форст од Capgemini Invent, Марк Муне од Nexus Global Payments, Хуан Хозе Гарсија од Iberpay, како и претставници на водечки европски платежни иницијативи и компании, меѓу кои Ники Андравидиоти од IRIS, Мартин Аскуе од Bizum, Стоилка Арсова од Blink, Лудовик Франческони од Wero, Тереса Мескита од EMPSA, Кристин де Лепелер од CEC, Бенце Мароси од Giro и Пол Волвик-Џојнт од Mastercard Payment Services.

Во рамки на конференцијата беа отворени дискусии за актуелните предизвици и трендови во европската платежна индустрија, со посебен акцент на дигиталните плаќања од сметка на сметка на физичките и онлајн места за продажба, поврзувањето на европските системи за инстант плаќањата со оние во останатиот дел од светот, дигиталната трансформација и усогласувањето со европските стандарди и иницијативи.

Од КИБС АД Скопје посочија дека одржувањето на конференцијата во Македонија претставува значајна можност за домашниот платежен сектор директно да се вклучи во разговорите за идниот развој на европската платежна инфраструктура.

– Одржувањето на конференцијата на EACHA во Скопје претставува значајно признание за КИБС и за македонскиот платежен сектор. Овој настан овозможи размена на искуства и знаења со водечки европски експерти, но,  отвори и важни дискусии за дигитализацијата, инстант плаќањата и усогласувањето со европските стандарди. Веруваме дека ваквите средби ќе придонесат за понатамошен развој на современи и ефикасни платежни услуги во земјата – вели Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС АД Скопје.

EACHA претставува највисок технички и стратешки форум за соработка на клириншките институции во Европа и обединува оператори на платни системи кои секојдневно процесираат милиони меѓубанкарски трансакции. Асоцијацијата има важна улога во развојот на европските стандарди, интероперабилноста и иновациите кај плаќањата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation