Додека денес заработува милиони и важи за еден од најдоминантните тенисери на планетата, Јаник Синер некогаш внимавал на секое евро, дури и сам си ги нанижувал рекетите за да заштеди пари.
Во видео кое стана хит на социјалните мрежи, првиот светски рекет открива дека уште како млад сфатил дека премногу троши на опрема и затоа купил машина за нанижување рекети вредна околу 700 до 800 евра.
– Во еден момент сфатив дека трошам премногу пари само на рекети. Пребарував на интернет и најдов машина. Ако нанижувате два рекети секој ден, на крајот трошите многу помалку – објаснува Синер во видеото, додека покажува како сам ги местел жиците на рекетите.
Тој вели дека целиот процес траел околу 20 минути, а токму ваквите мали заштеди му помогнале полесно да се пробива низ скапата тениска кариера.
Приказната на Синер е далеку од типичната спортска бајка со луксузни академии и богати спонзори.
Неговиот татко работел како готвач, а мајка му како келнерка во ресторан во Италија. Работеле долги часови за да му помогнат да го следи сонот, иако немале можност да му обезбедат настапи на сите турнири и скапи услови за тренинг.
На само 13 години, Синер го напуштил домот и се преселил во мала соба над тениски центар, каде што тивко и дисциплинирано тренирал со години.
Интересно е што како дете повеќе сакал скијање отколку тенис. Дури бил и меѓу најдобрите јуниорски скијачи во Италија, но рекетот целосно му го променил животот.
На 22 години, Синер стана првиот Италијанец што го освоил Австралија Опен, а потоа се искачи и на првото место на АТП-листата.
Денес е меѓу најплатените тенисери во историјата, но и понатаму важи за спортист со мирен карактер и без скандали.
Самиот вели дека тоа го научил од своите родители.
– Татко ми и мајка ми секогаш ме учеа да ги почитувам луѓето. Смиреноста на теренот е многу важна – изјавил Синер во интервју за „Марка“.
Тој открива и дека само двапати во кариерата скршил рекет, а по еден пораз на младински турнир во близина на Милано бил повеќе лут што го скршил рекетот отколку што загубил.
Во текот на кариерата учел и од најголемите, меѓу кои Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Марија Шарапова, но неговата приказна покажува дека патот до врвот не секогаш почнува со луксуз — понекогаш почнува со машина за рекети и многу жртва.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
