Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор
Петер Маѓар најавува истрага за 4iG во Унгарија – Вучевиќ во Скопје за спас на пропагандната машинерија на ВМРО и СНС
Почитувани,
Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, престојуваше во Македонија.
Вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ и средбата со Христијан Мицкоски е спасување на медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации (СНС и ВМРО-ОКГ).
Друг важен дел од агендата е EuroNews и поставувањето на Ивона Талевска за уредник за Македонија.
Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 % од медиумскиот простор во Македонија, ВМРО-ОКГ активно ја користи и трол-фармата и бот-мрежата на својата сестринска партија СНС и Вучиќ.
Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагдана шема на оската Орбан-Мицкоки-Вучиќ за контрола на медиумите и политичка пропаганда.
Новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави ревизија на договорите потпишани за време на владеењето на Орбан, меѓу кои и договорот со 4iG.
Поранешната влада на Орбан го потпишала договорот вреден 4,3 милијарди долари со 4iG само неколку недели пред да ја загуби власта.
Тоа е истата компанија со која владата на Мицкоски склучи договори во Македонија.
Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок?
Се сретна токму со претставниците на 4iG.
Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски работници, но него не го пријави.
4iG купија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија.
Токму 4iG имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија.
Сега македонската јавност очекува одговори од Мицкоски.
Наместо да се крие, да излезе пред граѓаните и да одговори.
Ако тој не каже, истрагите кои се најавуваат во Унгарија ќе ги дадат сите одговори.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.
Линк до видео: https://youtu.be/skAxT4nxlJ4
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
