Случајот во Србија со исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја, човек поврзан со белградското подземје, добива нов драматичен пресврт. Српското обвинителство сега се сомнева дека поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ го намамил Баја на средба во ресторанот „27“ во елитната населба Сењак во Белград.
Според истражниот налог, Милиќ телефонски го повикал Нешовиќ на денот на исчезнувањето и му предложил да дојде без обезбедување.
Кога пристигнал пред ресторанот и ги видел возилата на луѓе со кои претходно бил во конфликт, Баја сакал да си замине. За тоа го известил својот пријател Владимир Р.
Но, десетина минути подоцна добил нов повик од Саша Вуковиќ Бошке и сепак се вратил во ресторанот.
Според обвинителството, таму седнал на маса со Вуковиќ, Марио С. и Веселин Милиќ.
Истражителите се сомневаат дека по кратка расправија, Саша Вуковиќ испукал неколку куршуми кон Нешовиќ со пиштол од 9 милиметри.
Во ресторанот подоцна биле пронајдени две чаури и повеќе траги од крв. Ден подоцна, полицијата нашла ајфон во контејнер спроти објектот.
Телото на Баја сè уште не е пронајдено.
Во големата акција досега се уапсени десет лица, меѓу кои и тројца полицајци од обезбедувањето на Милиќ, сопственикот на ресторанот и келнер.
Обвинителството тврди дека дел од осомничените помагале да се сокријат трагите и оружјето по пукањето.
Истрагата треба да утврди дали постои поврзаност и со претходниот обид за ликвидација на Баја, кога во Белград беа уапсени шведски државјанин и лице од Јужна Африка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
