Маж кој беше каснат од ајкула на западниот брег на Австралија им подлегна на повредите денес, соопшти локалната полиција.
Ова е втор фатален напад од ајкула регистриран во Австралија оваа година, а жртвата е 38-годишен маж кој бил каснат од животното утрово во близина на островот Ротнест, во близина на Перт, додаде полицијата, објави британската агенција Ројтерс на својата веб-страница.
Мажот бил изнесен на брегот, но спасувачите не можеле да го оживеат.
Локалните власти им советуваат на граѓаните да бидат дополнително внимателни во водата околу островот Ротнест, популарна туристичка дестинација.
Првиот напад од ајкула оваа година е регистриран во јануари. Тогаш жртвата било момче во пристаништето во Сиднеј.
Во Австралија, годишно се случуваат околу 20 инциденти со ајкули, според податоците од државниот институт за здравство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
