Background

МЕТАОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме ја зафаќа Македонија

Во текот на денешниот ден Сабота 16 Мај 2026 територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која е со центар над Џенова. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 литри на метар квадратен) силен ветер (над 70 км/час) силни електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во Скопје  и околината во текот на денешниот ден Сабота 16 Мај 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи ио со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град.

- Advertisement -
Ad image

Токму поради ваквата ситуација денес Сабота 16 Мај 2026 целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта  и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд, силниот ветер и поради очекуваното невреме. Апелирам во случај на појава на силно невреме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер автомобилите да се заштитат, односно да не се ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Инаку температурите денес Сабота 16 Мај 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

МЕТАОАЛАРМ

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation