Background

СДСМ: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

Почитувани,

Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови.

- Advertisement -
Ad image

Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не превзема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата.

Нема ниту стратегија, ниту системска реакција.

Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и заштитата на учениците се ставаат во втор план, тогаш се случува токму тоа што го гледаме денес – децата се занемарени, без заштита, додека наставниците и професорите се оставени сами да се справуваат со една системска неспособност.

Колку инциденти треба да се случат за Министерството конечно да признае дека состојбата е алармантна?

Кој ќе понесе одговорност?

Училиштата мора да бидат безбедно место за учење, а не простор на страв и насилство.

Каде се превентивните програми? Каде е психолошката поддршка? Каде е координацијата меѓу институциите?

ПОРАДИ ЦЕЛОСНИОТ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН НЕУСПЕХ ВО ЗАШТИТАТА НА УЧЕНИЦИТЕ БАРАМЕ:

1.        Одговороност од Весна Јаневска

2.        Одговорност со итна смена на директори кои криеле, не реагирале навреме и игнорирале насилство,

Неспособноста не смее да се наградува со функции, а молчењето и прикривањето да не бидат пракса во образовниот систем.

3.        Вонреден инспекциски надзор во училиштата и ученичките домови со ревизија на сите училишни безбедносни протоколи

      Да се утврди кои училишта имаат само формални процедури „на хартија“, без реална примена. Државата мора да провери каде потфрлил системот пред да се случи нов сериозен инцидент.

4.        Годишен извештај за безбедноста во училиштата.

Министерството за образование јавно да објавува податоци за булинг, насилство и преземени мерки, со цел целосна транспарентност и отчетност.

КАКО КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА СДСМ, ПРЕДЛАГАМЕ 10 ИТНИ МЕРКИ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА И УЧЕНИЧКИ ДОМОВИ и тоа

1.      Итно воведување унифициран безбедносен протокол во сите основни и средни училишта.

Јасни процедури за постапување при булинг, физичко насилство, закани и внесување оружје.

2.      Итно вработување психолози и педагози таму каде што со години недостига стручен кадар

Државата не може да зборува за безбедност, а училиштата да останат без стручни служби. Минимум еден психолог на 300 ученици и задолжителна психолошка служба во ученичките домови.

3.      Формирање училишни тимови за превенција на насилство.

Тимови составени од психолог, педагог, наставници и претставници на родители со обврска за брза реакција.

4.      Национална анти-булинг програма.

Редовни работилници и едукации за ученици, родители и наставници за препознавање и спречување на булинг.

5.      Засилена соработка помеѓу училиштата, МВР и центрите за социјална работа.

Институциите да не реагираат дури откако трагедијата ќе стане вест, туку превентивно и координирано

6.      Воведување анонимна линија и дигитална платформа за пријавување насилство.

Учениците без страв да можат да пријават булинг, закани или опасно однесување.

7.      Поголема безбедност во училиштата и ученичките домови со засилени контроли, подобар надзор и редовни превентивни проверки околу училиштата.

8.      Обврзувачки програми за ментално здравје кај младите, со поголем фокус на емоционална поддршка, стрес, анксиозност и меѓуврснички односи.

9.      Построга одговорност за институциите што не реагираат навремено со законска обврска за постапување по секоја пријава во рок од 24 часа

Да се утврди одговорност кај раководства и институции кои игнорирале пријави или пропуштиле да постапат. Игнорирањето на насилството создава уште поголемо насилство, а институционалната бавност создава чувство дека насилството е дозволено

10.         Формирање национален кризен штаб за безбедност во образованието

Очигледно дека институциите немаат координација ниту план за реакција, државата нема стратегија за превенција и за системска реакција. За жал цената ја плаќаат учениците, а институциите ја изгубиле во целост контролата врз состојбата во образованието.

Слободно нека ги прифатат, па дури и нека ги претстават како свои, ако тоа значи дека конечно ќе се спроведат и ќе дадат резултат.

Важно е само едно – да се заштитат децата, затоа што тие не смеат да бидат жртви на систем кој не нуди решенија и не презема одговорност.

 Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=NXUHLGhfygk 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation