Странска комисија утврди сомнителни наоди кај девет од 13 анализирани пациенти поврзани со наводно непотребни операции. Министерот за здравство Азир Алиу ги објави резултатите , но прашањата за приватни клиники и одговорноста сè уште остануваат без јасен одговор.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската комисија која ги испитувала сомнителни операции во Македонија дала конкретни резултати. Кај четири пациенти третманот бил оценет како медицински соодветен, навремен и во согласност со стандардите на клиничката пракса.
Комисијата констатирала конкретни неправилности: несогласувања меѓу ангиографски наоди од коронографија и писмените извештаи, по кои следувале несоодветни индикации за ендоваскуларни или хируршки процедури. Со други зборови , операции кои можеби воопшто не биле потребни.
На проблемот прв јавно укажал академик Сашко Кедев, по што институциите биле принудени да реагираат.
Иако резултатите се јавни, имињата на приватните клиники засегнати со наодите сè уште не се обелоденети. Граѓаните и медиумите го поставуваат истото прашање: дали постои заштита на одредени институции и зошто процесот на утврдување одговорност трае толку долго?
Случајот укажува на системски проблем во надзорот над приватниот здравствен сектор во Македонија , прашање кое останува отворено додека имињата не излезат на виделина.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
