СДСМ не водеше грижа и имаше потценувачки однос кон студентите, 7 години не изгради ниту еден нов студентски дом, ги остави студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа, рече Илија Ристески од ИК на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
– Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ работите конечно се придвижија. Пред речиси 2 години почна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел студентите да добијат достоинствени услови за живот и студирање. СДСМ 7 години не знаеја ниту да ги завршат зградите на ФИНКИ и ФФК, иако ги наследија како почнати. Наместо напредок, оставија блокади и застој, па денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да работи на откочување на процесите што тие ги закочија – рече Ристески.
Негрижата на претходната власт кон студентите, додаде тој, не се гледаше само во нефункционалните студентски домови, се гледаше и во целокупниот однос кон студентскиот стандард.
– Студентите во време на СДСМ се соочуваа со лоши услови, недоволна поддршка и со неизвесност, и наместо да инвестираат во младите, во образованието, сведочевме на години на застој, неодговорност и игнорирање на проблемите на студентите – рече Ристески.
Порача дека студентите не треба да се грижат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заврши и овие проекти, исто како што ги обновува студентските домови низ државата.
– Во текот на овој мандат ќе бидат реконструирани вкупно 9 студентски домови низ државата. Ќе се реализира реконструкцијата на зградите на ФИНКИ и ФФК. Комплетната реконструкција на спортската сала во кругот на УКИМ веќе е почната. Реконструирано е повеќенаменско игралиште во рамки на студентскиот дом „Гоце Делчев“, а наскоро ќе биде поставена и фитнес зона во еден од студентските домови во Скопје. Младите ќе добијат нови студентски домови, современи факултетски објекти и подобри услови за образование и развој. Потсетуваме дека над 50.000 студенти добија ваучери од 250 евра, се прошири опфатот на студентскиот оброк, а стипендиите се зголемени. Почнат е и процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, со цел модернизација на високото образование – рече тој.
ВМРО-ДПМНЕ, посочи, е партнер на младите и продолжува со конкретни политики и проекти што носат реални резултати.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
