СДСМ: Комеморативна седница на Централниот одбор на која оддадовме почит на нашите прерано починати другари и соборци – Благојче Трпевски, Горанчо Крстев – Грга и Дејан Николовски
Комеморативна седница на Централниот одбор на која оддадовме почит на нашите прерано починати другари и соборци – Благојче Трпевски, Горанчо Крстев – Грга и Дејан Николовски.
Претседателот на СДСМ, д- р Венко Филипче, истакна дека СДСМ загуби луѓе кои оставија длабока трага во партијата, во своите општини и меѓу граѓаните. Другари кои со чесност, посветеност и искрена борба ги живееја социјалдемократските вредности и секојдневно се бореа за правда, солидарност, подобро општество, блиски до народот, подготвени да подадат рака, да помогнат.
Благојче, Горанчо и Дејан не беа само сопартијци, тие беа луѓе кои дадоа значаен придонес во партијата, во заедничката борба за социјалдемократските идеали, луѓе со кои ги споделувавме и победите и предизвиците, секогаш обединети околу идејата за подобра иднина за граѓаните.
Нивното заминување остава огромна празнина во СДСМ. Но, наша должност, е да не дозволиме нивниот придонес да биде заборавен.
Најдобар начин да им оддадеме почит е да ја продолжиме борбата за вредностите за кои тие се бореа – чесност, солидарност, социјална правда и другарството.
СДСМ, упатува длабоко и искрено сочувство до нивните семејства, блиски и пријатели.
Нека им е вечна слава.
Нека почиваат во мир.
Види помалку