Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног отворено ќе зборува за својата бурна врска со починатиот пејач на INXS, Мајкл Хачинс, во нов документарец за нејзиниот живот, кој наскоро ќе се појави на Нетфликс.
Поп-иконата, која сега има 57 години, ќе сподели со обожавателите досега нераскажани приказни за нејзината двегодишна романса со харизматичниот музичар кој почина во 1997 година на 37-годишна возраст.
Пејачката родена во Мелбурн се осврнува на својата врска со Хачинс, која траеше од 1989 до 1991 година, во претстојниот документарец наречен „Кајли“.
– Кога се запознавме, имав 21 година и бев подложна на туѓи влијанија… И го мислам тоа на најдобар можен начин – вели Кајли. Таа признава дека Хачинс имал огромно влијание врз нејзиниот живот и дека сè уште често мисли на него – пишува Дејли Меил.
– Тој имаше огромно влијание врз мене. Беше паметен, љубезен, длабок, уметнички и интересен човек. Нашата врска беше прекрасно патување. Неговата смрт во 1997 година беше загуба за многумина, вклучувајќи ме и мене – вели таа.
Конечно, таа додаде дека легендарниот пејач ѝ отворил врата кон нови искуства, за кои е благодарна.
– Луѓето прашуваат зошто тоа сè уште ме погодува толку многу денес… Постојат многу причини. Една од нив е што тој претставуваше еден од моите први големи исчекори во светот на возрасните, во еден поширок свет – рече таа.
– Свет на можности и откритија – патувања, литература, ексцеси, врски, уметност, уметнички израз, изведби и сè друго! Бев на совршена возраст за тој момент.
Покрај нејзиниот љубовен живот, документарецот ќе открие и детали за борбата на Кајли со ракот на дојка. Пејачката, позната по чувањето на приватноста, во најавата за серијата низ солзи зборува за стравот што го чувствувала.
– Се чувствував исклучена од сопственото тело, бев толку исплашена од она што доаѓа – вели . Во серијата од три дела, за тешкиот период зборува и нејзината сестра Дани.
– Не знаевме дали некогаш ќе се опорави. Само сакав да бидам со сестра ми. Музиката нè одржуваше.
На пејачката ѝ беше дијагностициран рак на дојка во рана фаза во мај 2005 година, на 36-годишна возраст. По лумпектомија и хемотерапија во Париз, во 2006 година беше објавено дека се опоравила.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
