Background

Деветтоодделенците добија нов онлајн водич за уписи

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од Швајцарската амбасада подготвија онлајн водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат.

Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се централизирани на едно место и систематизирани на начин што овозможува лесно пребарување по сектори, квалификации, региони, училишта…

– Водичот има информативна и советодавна улога и ќе им помага на учениците и нивните родители подобро да ги согледаат образовните насоки, перспективите за понатамошно образование, како и можностите за вработување и кариерен развој. Верувам дека младите ќе го користат и ќе си го олеснат изборот на средно училиште кога ќе дојде моментот за тоа – рече Јаневска.

- Advertisement -
Ad image

Mинистерката посочи дека имаме квалитетен систем на средно стручно образование и ефикасен модел на дуално образование.

– Ме радува што овој тип на образование не е само алтернатива за учениците, туку веќе неколку учебни години е прв избор, па така во оваа тековна учебна година од 17 илјади ученици запишани во прва година, околу 12 илјади се запишани во стручни училишта – нагласи министерката Јаневска.

За новата учебна година конкурсот нуди 25 илјади слободни места од кои 17 илјади се во стручните училишта, а од нив скоро седум илјади во дуалните паралелки каде практичната настава ќе ја реализираат над 1000 компании.

– Овие резултати, поволни за нашата економија и за намалување на јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на работна сила, ги остваривме со поддршка на повеќе домашни и меѓународни партнери, а особено голем поддржувач е Швајцарската влада и нејзините агенции, така што верувам дека за нови достигнувања во иднина, соработката ќе ја издигнеме на уште повисоко ниво – рече Јаневска.

Ажурирањето на онлајн водичот за квалификации ќе го прави Бирото за развој на стручното образование. Според директорот на оваа институција Бесник Зендели, ако информацијата не е јасна и достапна – изборот не е вистински.

Онлајн водичот за квалификации е изработен со поддршка од Швајцарската амбасада од каде оценуваат дека оваа платформа е значаен чекор напред во начинот на кој јавните институции комуницираат со граѓаните.

Според заменик-амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари, оваа платформа претставува премин од еднонасочна комуникација кон кориснички ориентиран пристап, кој придонесува за градење доверба, поголема транспарентност и доближување на институциите до граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation