Владата на Мицкоски решила дека најдобриот начин да се одбележат 35 години слободна Македонија е , приватна журка со француски диџеј за коja никој не ги прашал граѓаните.
СКОПЈЕ, 8 СЕПТЕМВРИ 2026 , Македонија слави 35 години независност. Три и пол децении откако граѓаните рекоа „да” на суверена држава. Пригодна прослава? Се разбира. Само , никој не очекуваше дека „пригодно” значи: Дејвид Гета на стадион „Тоше Проески”, организирано преку Авалон, финансирано со народни пари, а буџетот за журката , државна тајна.
„Мојата основна идеја беше дека ако славиме, треба да славиме. Ако е бал, треба да биде маскенбал.”— Бобан Милошески, Авалон, кој случајно организира сè, секогаш, без исклучок
Одличен принцип, Бобане. „Маскенбал” , само со народни пари. Луѓето со маски сте вие, ние сме оние без пари. Симболично совршено за 35-годишнината.
Разбирливо е да се слави јубилеј. Неразбирливо е зошто на настан за „народот” е буџетот е тајна, тендерот отиде кај истите луѓе, а билетите не се достапни за просечен граѓанин со 400 евра плата.
Но да бидеме позитивни: можеби Гета ќе ја изведе „Заветна” во ремикс. Цела сала Борис Трајковски во делириум, светла, чад, Гета со слушалки на вратот, а на LED ѕидот: „35 ГОДИНИ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА 🎵 UN DEUX TROIS 🎵”. Историски момент. Право за РИПЛИ.
„Ако му текни на Гета да ја пее Ја излези Ѓурѓо , целиот настап паѓа во правна неизвесност и ДЕЛИРИУМ.”
Мицкоски останува цврст на ставот дека „прославата е за народот.” Точно кој народ , засега е нејасно. Оној народ кој плаќа данок, или оној кој ги зема тендерите?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
