Марк Маркес повторно заврши во операциона сала по тежок пад на патеката во Ле Ман. Возачот на Дукати доживеа незгоден инцидент на спринт-трката, по што беше пренесен на операција во Мадрид.
Шпанскиот шампион заработил фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало. Покрај тоа, се здобил и со повеќе модринки.
Маркес избегнал потешки последици иако мотоциклот опасно се превртувал веднаш покрај него.
Од Дукати соопштија дека Маркес бил подложен на две хируршки интервенции. Покрај операцијата на стапалото, лекарите интервенирале и на неговото десно рамо.
Отстранети биле два шрафа и фрагмент од коска од операцијата што ја имал во 2019 година.
Од тимот објаснија дека старите импланти предизвикувале притисок врз радијалниот нерв. Проблемите повторно се појавиле по падот на Големата награда на Индонезија минатата сезона.
„Двете операции поминаа успешно и Маркес сега се одмора и закрепнува“, соопшти Дукати.
Засега нема точен датум за враќање на патеката. Во Дукати се надеваат дека Маркес би можел да настапи на трката во Муџело од 29 до 31 мај.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
