Background

Муцунски во интервју за Euronews вели дека НАТО е посилен од кога било

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за Euronews вели дека Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција.

Во интервјуто, министерот Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството.

– Ние сме држава што се гордее со својата проевропска ориентација, не само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме во нашето општество – истакна министерот Муцунски.

- Advertisement -
Ad image

Осврнувајќи се на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, министерот посочи дека регионот се соочува со сериозни хибридни и малигни влијанија, нагласувајќи дека ваквите закани се засилуваат таму каде што расте фрустрацијата и се намалува довербата.

– Иако заканата постои, покажавме не само дека велиме оти сме отпорни, туку и дека навистина сме отпорни во пракса – нагласи Муцунски.

Воедно, тој ја реафирмираше стратешката определба на државата кон членство во Европската Унија, потенцирајќи дека европската интеграција останува клучен надворешно-политички приоритет и најдобар механизам за долгорочна стабилност, безбедност и развој на регионот.

На прашањето дали одложувањето на членството во ЕУ може да ја оттурне Северна Македонија кон земји како Русија или Кина, министерот Муцунски истакна дека „хибридните закани напредуваат таму каде што расте фрустрацијата и каде што се губи довербата“.

Во интервјуто за Euronews, министерот Муцунски говореше и за актуелните безбедносни предизвици, улогата на НАТО и значењето на евроатлантската координација.

– Мојот став е дека, благодарение на претседателот Трамп, државниот секретар Рубио и целокупниот надворешно-политички апарат на Соединетите Американски Држави, НАТО е посилен од кога било досега – изјави Муцунски во интервјуто за емисијата „12 Minutes With” на Euronews.

Тој додаде дека тоа било неспорно по минатогодишниот Самит во Хаг, каде членките се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП до 2035 година.

– Ова е многу амбициозна агенда, но и многу неопходна, имајќи ги предвид не само заканите од руската агресија врз Украина, која сè уште трае, туку и заканите во Индо-Пацификот и на Блискиот Исток – рече Муцунски, додавајќи дека претседателот Трамп му дал на НАТО „повик за будење“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation